Затворени христијански училишта во Пакистан

Уништена куќа на една жителка на Лахоре по нападите

Десетици христијански училишта беа затворени денеска во Пакистан во знак на протест против нападите од страна на муслиманите во минатата недела. Околу 3000 лица извршија напади во христијанската населба во градот Лахоре, при што беа уништени 200 домови и продавници.
Нередите започнаа откако еден маж со христијанска вероисповед беше обвинет за богохулни забелешки за пророкот Мухамед, што е казниво со смрт во Пакистан.