Седумдесет години од прогонот на македонските Евреи

Одбележување 70 години од холокаустот на 7.144 македонски Евреи. Скопје, Македонија.

По повод одбележувањето на 70 годишнината од прогонот на македонските Евреи пред споменикот во Тутунскиот комбинат денеска цвеќе положија делегации на Еврејската заедница, Фонд на холокаустот на Евреите, преставници од Владата, Собранието, Кабинетот на македонскиот претседател.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Бјанка Суботиќ порача дека депортацијата на Евреите во логорот Треблинка може да се прости, но не и да се заборави, бидејќи заборавот го влече човекот кон нови злосторства и историски проклетија.Во историјата на Комбинатот, според неа, стои дека просторот бил пренаменет за привремен логор за 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип.