Иран и Пакистан „влегуваат“ во гасоводен проект

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и неговиот пакистански колега Асиф Али Зардари ја објавија изградбата на гасоводот со кој Иран и Пакистан ќе бидат поврзани. Во Пакистан се очекува да бидат изградени 780 километри во текот на следните две години.
Исламабад се надева дека тоа ќе помогне во ублажувањето на недостигот на енергија во земјата. САД се противат на проектот, предупредувајќи дека тоа би можело да ги крши санкциите поврзани со иранската нуклеарна програма и да резултира со санкции на Исламабад.
Иран му понуди заем Пакистан во вредност од една третина од милијарда ипол долари колку чини пакистанскиот дел на гасоводот.