САД со демант на изјавата на Карзаи

Хамид Карзаи

Високорангиран американски генерал во Авганистан ги одби забелешките на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, дека американските вооружени сили во земјата имаат бенефит од нападите на талибанците. Генералот Џосеф Данфорд изјави дека меѓународните сили пролеале многу крв во изминативе 12 години и според тоа не може да се мисли дека насилството и нестабилноста се во нивен интерес.

Еден ден по талибански напад во кој загинаа 19 лица авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека вакви инциденти му помагаат на Вашингтон во убедувањето на Авганистанците дека американските сили во земјата се потребни.