Јапонија одбележува две години од најсилниот земјотрес

Јапонија одбележува две години од силниот земјотрес кој предизвика цунами и нуклеарна несреќа. Комеморативни церемонии ќе се одржат во Токио и во други крајбрежни градови во земјата, во сеќавање на 19.000 настрадани во најсилниот регистриран земјотрес во историјата на земјата, со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала.