ОН-бројката на сириски бегалци може тројно да се зголеми

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутериш

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутериш изјави денеска дека бројката на сириските бегалци може да се зголеми за два или три пати до крајот на годината, доколку продолжи егзодусот според сегашната стапка. Повеќе од милион бегалци се регистрирани откако започна конфликтот во Сирија пред две години.
Гутериш говорејќи во Анкара повика на зголемена поддршка од меѓународната заедница за земјите, како Туриција, Либан и Јордан кои се најмногу погодени од бегалската криза.