Протести во Унгарија против измени во Уставот

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Илјадници Унгарци протестираа пред Парламентот во Будимпешта против измените во Уставот, кои според нив може да влијаат врз правата на граѓаните. Парламентот треба да гласа за измените во понеделник.
Загриженост за мерките изразија ЕУ и САД. Според критичарите, мерките кои се поддржани од партијата на премиерот Виктор Орбан може да доведат до рестриктивни прописи во однос на високото образование, домувањето, изборниот закон и семејното право.