Претседателските избори во Венецуела на 14 април

Николас Мадуро

Венецуелската изборна комисија соопшти дека претседателските избори ќе се одржат на 14 април. Во меѓувреме Николас Мадуро ја презема функцијата, откако претседателот на земјата Уго Чавез почина во вторникот. Мадуро ќе учествува на изборите како кандидат на социјалистичката партија на Чавез.
Енрике Каприљес ќе биде неговиот противник на изборите. Каприљес загуби од Чавез на претседателските избори во октомври.