ДИК ќе го утврди редоследот на кандидатите за локалните избори

Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

Државната изборна комисија денеска на јавна седница ќе одржи дополнително жребување за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за Локалните избори 2013 година. Жребувањето се однесува само на политичките партии кои поднеле листи за членови на совети и на кандидати за градоначалници во дополнителниот рок до 8 март на полноќ и не учествувале на претходната ждрепка. Листите на кандидати кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини. Се очекува денеска ДИК да ги објави конечните бројки на учесниците на локалните избори односно бројот на кандидати за градоначалници и советничките листи.
Комисијата за верификација на факти ги испрати комплетните дополнителни листи до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и до Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана и во текот на денешниот ден очекува повратни информации од овие институции.