Претседателот на Кина ќе ја посети Русија

Кинескиот министер за надворешни работи изјави дека Џи Џинпинг ќе замине во прва официјална посета на Русија по неговото назначување на претседателската фунцкија во Кина. Министерот Јанг Џиечи денеска појасни дека шефот на државата ќе отпатува за Русија, по што ќе ги посети и африканските држави Танзанија, Јужна Африка и Конго.