Венецуела: Мадура вечер ќе положи заклетва

Потпретседателот на Венецуела Николас Мадура

Потпретседателот на Венецуела Николас Мадура вечер ќе положи заклетва со што и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на државата до изборите за нов претседател кои би требало да се одржат во рок од еден месец. До ова доаѓа откако досегашниот претседател Уго Чавез почина во вторникот по двегодишната борба со ракот. На денешниот погреб на Чавес е најавено присуство на над 30 шефови на држави или влади. 50 годишниот Мадуро кој порано беше возач на автобус и претседател на синдикатите најави дека телото на починатиот лидер Чавес ќе биде трајно изложено во стаклен ковчег во Воената академија во Каракас.