Џон Бренан конечно го мина и Сенатот

Џон Бренан

Американскиот Сенат го одобри назначувањето на Џон Бренан за нов директор на ЦИА, централната разузнавачка агенција, со 63 гласа за и 34 против. До гласањето дојде откако републиканскиот сенатор Ренд Пол го заврши својот 13-часовен говор во знак на протест поради програмата на администрацијата на Барак Обама за напади со беспилотни летала врз американски граѓани.
Јавниот правобранител Ерик Холдер вчера изјави дека Обама нема да нареди напад со беспилотно летало врз Американец кој не бил ангажиран во борба на американско тло.
Бренан е назначен за прв човек на ЦИА по оставката на Дејвид Петреус во ноември минатата година.