Уапсен зетот на Осама бин Ладен

Американските власти објавија сека е уапсен Сулејман Абу Гаит, зетот на Осама бин Ладен, кој порано бил и портпарол на Ал Каеда. Официјални лица соопштија дека уапсениот се очекува денеска во Њујорк да биде сослушан поради обвиненија за тероризам.
Гаит бил уапсен во Јордан, по првичното притворање во Турција, и предаден на Њујорк. Департментот за правда соопшти дека тој е обвинет за заговор за убиство на американски државјани.
Јавниот правобранител Ерик Холдер изјави дека апсењето покажува оти САД никогаш нема да попуштат во ловот по милитантите на Ал Каеда, обвинети за нападите од 11 септември 2001 година.
Гаит, кој има 47 години и е роден во Кувајт, се појавува на видео клиповите за Ал Каеда по нападите.