Попоски оствари средба со евроамбасадорот Орав

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав. Според соопштението Попоски информирал за тековните активности на Владата за остварување на Акцискиот план за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија со посебен акцент на активностите кои ги презема за унапредување на односите и соработката со земјите од соседството. Тој изразил уверување дека Пролетниот извештај на Европската комисија ќе го рефлектира постигнатиот напредок, што би овозможило Советот на Европската унија во јуни оваа година да донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија.
Орав ја реафирмирал поддршката на Европската комисија за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Унијата, при што ја нагласил важноста од продолжување на реформската агенда и испорачување конкретни резултати.