Филе најави вработувања и социјални реформи во Западен Балкан

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на денешната дебата во Европскиот парламент најави дека се подготвува програма за проширување со која би се обезбедиле средства за земјите од Западен Балкан и со кои ќе се градат енергетски капацитети, транспортни системи и ќе се инвестира во социјалниот сектор. Според него, од голема корист за земјите од Западен Балкан ќе биде и засилувањето на зоната на слободна трговија „Цефта“, што го најавила Европската комисија во Стратегијата за проширување од октомври месец во 2012 година.
Филе додава дека во истата стратегија е предвиден и дијалог за вработување и социјални реформи во земјите од регионот кои се залагаат за членство во Унијата.