Протест на жените во Авганистан за поголеми права

Илјадници жени денеска протестираа во аганистанскиот главен град Кабул, по повод утрешниот меѓународен ден на жената. Радио Слободен Авганистан јави дека нивните транспаренти биле испишани со барања за поголеми права во општеството, осуда за домашното насилство и поголема политичка, социјална и економска улога на жените.
Протестот бил организиран од невладините организации и авганистанското министерство за женски работи. Слични протести биле одржани и во другите градови.