Бугарија се откажува од нафтоводот со Русија и Грција

Бугарскиот парламент денеска го поддржа владиниот предлог за повлекување на договорот со кој требаше преку земјата да се транспортира руска нафта до Грција. Цевководот долг 280 километри беше планирано да ја пренесува нафтата од Русија преку Црното море до Бургас, па се до Александрополис во Грција. Владата во заминување на премиерот Бојко Борисов соопшти дека проектот, кој чини отприлика меѓу 1,5 до 2 милијарди долари не може да се изврши врз основа на финансиските услови поставени во договорот во 2007 година.