Планинари од Северна Осетија бараат врв именуван по Чавез

Уго Чавез

Планинарската федерација на Северна Осетија бара еден планински врв да биде именуван по венецуелскиот претседател Уго Чавез, кој завчера почина. Околу 20 планинари во негова чест утре ќе се искачуваат на врвот висок 3400 метри. Венецуела под водство на Чавез ја призна независноста на грузиската сепаратистичка република Северна Осетија.