Закани од Северна Кореја за предупредувачки нуклеарни напади

Јужна Кореја - архива

Северна Кореја се закани со „предупредувачки“ нуклеарни напади врз непријателите. Министерството за надворешни работи соопшти дека „бидејки САД ќе иницираат нуклеарна војна, ние ќе го искористиме нашето право за предупредувачки нуклеарен напад врз штабовите на агресорите“.
Оваа изјава доаѓа по заканата на Пјонгјанг дека ке го наруши 60 годишниот договор со кој заврши корејската војна поради заканата за нови санкции од Обединетите Нации и редовните годишни јужно корејско американски воени маневри.