Морси ќе ја почитува одлуката за одложување на изборите

Египетскиот претседател Мохамед Морси.

Кабинетот на египетскиот претседател Мохамед Морси соопшти дека ќе ја почитува судската одлука за одложување на парламентарните избори што требаше да се одржат наредниот месец. Административниот суд ја донесе одлуката вчера по барањата за преиспитување на изборниот законик и го предаде законот на ревизија во Врховниот уставен суд. Муслиманското братство од чии редови е претседателот Морси исто така соопшти дека ќе ја почитува одлуката на судот. Сепак, правниот советник на претседателот остави можност дека ќе поднесат жалба. Морси минатиот месец објави дека изборите ќе се одржат во четири фази со почеток на 22 април. Либералните и секуларни партии повикаа на бојкот на изборите.