Берзанскиoт индекс Дау Џонс забележа нов рекорд

Американскиот берзански индекс Дау Џонс втор ден по ред завршува на рекордно високо ниво. Дау Џонс вчера порасна за 42,47 поени или за околу 0,3 отсто и достигна нов рекорд на сите времиња од 14.296,24. Во вторникот индексот го собори пет години стариот рекорд. Дау Џонс е повеќе од двојно зголемен од падот во март 2009 година во најлошиот период од финансиската криза. Вчерашниот раст доаѓа по информациите дека приватниот сектор во САД бил изненадувачки силен во февруари, а компаниите вработиле нови 198 илјади луѓе.