Плевнелиев-ЕК се надева на стабилна влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев по денешната средба во Брисел со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо изјави дека ЕК се надева дека по изборите на 12 мај Бугарија ќе биде во состојба да состави стабилна влада, која ќе може да ги увиди проблемите на граѓаните и да ги продолжи реформите во енергетиката и антимонополското законодавство.
Плевнелиев со Барозо разменил информации и за ситуацијата во Бугарија и тоа што ќе се случува натаму. Според него, Бугарија добила целосна поддршка од ЕК за достојниот начин на кој се справила со предизвиците, согласно Уставот и законите.