Прекинат штрајкот во пакистанскиот град Карачи

Местото каде што беше извршен бомбашкиот напад во Карачи

Штрајкот кој го организираше една од најмоќните политички партии во Пакистан е прекинат. Лидерот на Движењето Мутахида Кауми, Раза Харун изјави дека решиле да преземат таков чекор, бидејќи штрајкот ќе им наштети на жителите, особено на трговците, на нивниот бизнис и на економијата во земјата.
Целта на штрајкот беше да се изврши притисок врз владата да ги уапси одговорните за бомбашкиот напад во Карачи во неделата, при кој загинаа 48 лица.