МААЕ повторно го назначи Амано на функцијата

Јукија Амано

Меѓународната агенција за атомска енергија на досегашниот генерален директор Јукија Амано му додели нов четиригодишен мандат без воопшто да биде извршено гласање за негово повторно назначување на функцијата.
Од организацијата за Радио Слободна Европа соопштија дека членовите на одборот едногласно со акламација се согласиле да ја донесат одлуката.