Џафери на средба со високи преставници на НАТО и ЕУ

Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери

Вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, од утре ќе престојува во дводневна посета на Брисел каде ќе оствари средби со високи преставници на ЕУ и НАТО. Џафери најпрво ќе се сретне со известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит. Потоа, со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Пјер Вимонт, а попладнето е закажан и состанок со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино.
За в петок, единствено познато е дека Џафери во седиштето на НАТО ќе има билатерална средба со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу. Темата на разговорите се претпоставува дека ќе биде спроведувањето на Рамковниот договор и исполнувањето на обврските од него во државата.