ЕУ очекува надлежните органи да ги смират тензиите во земјата

Портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано

Портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано изјави дека е жално што во Македонија се случиле неодамнешните инциденти. Според Стано, како што пренесе МИА, ЕУ е загрижена од влошување на ситуацијата и очекува лидерите на заедниците и надлежните органи да ги превземат сите неопходни активности за да се избегне влошување на тензиите.