Пакистан-повик за штрајк поради бомбашкиот напад во Карачи

Илјадници луѓе им одаваат почит на загинатите при бомбашкиот напад во Карачи

Една од најмоќните политички партии во Пакистан повика на одржување на штрајк во најголемиот град во земјата Карачи. Движењето Мутахида Кауми соопшти дека целта на штрајкот е да извршат притисок врз владата да ги уапси одговорните за бомбашкиот напад во неделата, при кој загинаа 48 лица.