Реакции по смртта на Чавез

Реакции по смртта на претседателот на Венецуела Хуго Чавез пристигнуваат од целиот свет. Американскиот претседател Барак Обама изрази подршка за народот во земјата, додавајки дека Вашингтон е заинтересиран за развој на конструктивен однос со венецуелската влада. Претседателот на Боливија Ево Mоралес, еден од најблиските сојузници на покојниот претседател, рече дека Чавез и понатаму ќе живее. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази длабопко сочуство на народот во Венецуела, додека пак рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин го нарече Чавез голем политичар.