Рекордна вредност на Дау Џонс

Американскиот индекс на акции Дау Џонс го надмина претходниот рекорд кој беше поставен пред започнувањето на финансиската криза. Индексот денеска достигна вредност од 14.222 поени и со тоа ја надмина досегашната највисока вредност од октомври во 2007 година.
Пазарот оттогаш имаше корист од финансискиот стимул на федералните резерви на САД и други глобални централни банки.