Русија - 60 години од смртта на Јосиф Стаљин

Москва, СССР - јавно збогување со Стаљин, 9 март 1953

Денеска се навршуваат 60 години од смртта на Јосиф Стаљин кој беше лидер на Советскиот Сојуз од 1924 до 1953 година. За комунистите тој е победничка личност од Втората Светска Војна а за другите Стаљин беше брутален диктатор под чиј режим настрадаа милиони луѓе.
Според истражувањето на независниот центар Левада, популарноста на Стаљин е зголемена во Русија по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 а ставот кон него е подобрен уште повеке за време на 13 те години владеење на Владимир Путин.