Кина - стабилност и раст од 7,5 насто

National People's Congress , Beijing 05Mar2013

Кина има за цел стабилност и економски раст од 7,5 отсто оваа година. Ова се целите кои ги постави премиерот на заминување Вен Џиабао на годишното заседание на Националниот народен конгрес.
Владата, исто така, планира да ги зголеми воените трошоци на 10,7 проценти оваа година што сепак е мал пад во однос на лани.
Парламентот треба да ги одобри извештајот на Вем Џибао, буџетот и назначувањето на новите лидери на крајот на конгресот на 17 март. Вицепремиерот Ли Кеџијанг се очекува да го замени Вен на премиерското место, додека лидерот на партијата Кси Џинпинг ќе го наследи претседателот Ху Џинтао.