САД: да се забрани пијани дипломати да дебатираат во ОН

САД повикаа на дипломати под дејство на алкохол да им се забрани да дебатираат за буџетот во Обединетите нации.
Расправите во Комитетот за буџетски прашања често се маратонски сесии до раните утрински часови и не било реткост да се видат дипломати на дебатите со видливи знаци на конзумиран алкохол.