Трајко Вељановски во посета на Индија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска престојува во прва официјална посета на Индија.
Како што соопшти собраниската прес-служба. Тридневната посета на Индија е на покана на претседателот на Долниот дом на индискиот Парламент, Мира Кумар. Во состав на собраниската делегација предводена од Вељаноски се и пратениците Силвана Бонева и Ермира Мехмети. За време на официјалната посета, планирани се средби и со други претставници на извршната власт, на сојузни држава и на администрацијата и локалните власти.