Пакистан ќе соработува со Иран и покрај противењето на САД

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардади изјави дека Пакистан ќе продолжи со заедничкиот проект за гасовод со Иран и покрај противењето на Вашингтон. Тој додаде дека проектот ќе стартува на 11 март, и дека неговото спроведување е неопходно за задоволување на растечките енергетски потреби. САД се противи на изградбата на гасоводот и го предупреди Пакистан да избегнува активности кои може да резултираат со санкции. Иран го изгради својот дел од гасоводот, но Исламабад поради притисокот од Вашингтон се уште не започнал со изградба. Иран му понуди на Пакистан заем во вредност од една третина од цената за изградба на гасоводот во пакистанскиот дел.