Сириските бунтовници го заземаа градот Рага

Сириските бунтовници ја преземале контролата врз градот Рага кој се наоѓа во североисточниот дел на државата, јавуваат западните новински агенции. Бунтовниците соопштуваат дека припадниците на безбедносните сили на претседателот Башар Ал Асад се уште ја имаат контролата врз аеродромот кој што се наоѓа на 60 километри од градот.
Во понеделникот, воените дејствија се прелеаа во соседниот Ирак, каде што локалните власти соопштија дека вооружен напаѓач убил 40 сириски војници, кои биле на ирачка територија.
Израел во Обединетите Нации предупреди дека нема да „седи мирно“ доколку сирискиот конфликт се прошири преку границите.