Влошена здравствената состојба на Чавез

Владата на Венецуела соопшти дека претседателот Уго Чавез е во тешка здравствена состојба поради респираторната инфекција. Во соопштението е наведено дека проблемите со дишењето на Чавез се влошени и дека моменталната здравствена ситуација е многу деликатна. Чавез не се појавил во јавноста од 11 декември откако беше по 4-ти пати опериран во Хавана. Владата соопшти дека тој пред две недели се вратил од Куба во Венецуела и дека е сменстен во воената болница во Каракас.