Ештон-остварен е добар напредок во преговорите меѓу Србија и Косово

Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон на средбата со српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Шестата рунда на преговори меѓу Србија и Косово заврши во Брисел. Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека на средбата меѓу српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи бил остварен добар напредок. Според неа, ќе има уште работа да се заврши до следните преговори на 20 март. Тројцата денеска на средбата во Брисел разговараа за можностите да се постигне договор за регулирање на заедницата на српските општини во Косово.