Тројца кодоши меѓу кандидатите за локални избори

Комисијата за верификација на фактите на својата веб страна денска ги објави имињата на тројца кандидати за советници кои соработувале со тајните служби. Според комисијата станува збор за кандидатот на ДПА за советник во општина Гостивар, Јакуп Шехапи, кандидатот за советник во општина Неготино, Властимир Јовановиќ и кандидатот од владејачката коалиција за советник во општина Чучер Сандево, Славе Рајовски.