МВР продолжува со индентификација на насилниците на протестите

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави денеска дека МВР продолжува со идентификација на нови лица од неодамнешните протести врз основа на снимки и дека има определен напредок. Но и со разговори со други лица очевидци или лица кои на друг начин можат да дадат информација за насилниците кои дивееја низ Скопје и вандалски се однесуваа оштетувајќи притоа имот. Кога ќе се комплетираат сите информации, како што рече Јанкулоска јавноста ќе биде известена.
Според неа, она што најмалку може да се толерира е повредувањето на недолжни граѓани и полициски службеници кои професионално ја вршеле својата работна задача и должност.