Амано побара Иран да дозволи меѓународна инспекција

Јакиа Амано

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јакиа Амано, денеска го повика Иран веднаш да им дозволи на меѓународните инспектори да го посетат Парчин, воена локација за каде што постои сомневање дека се прават тестирања за развој на нуклеарно оружје. Тоа би бил позитивен чекор со кој Иран ќе демонстрира желба за соработка и за отстранување на загриженоста на меѓународната заедница, изјави Амано во Виена, додавајки дека во преговорите со Техеран, нема напредок.