Масовни нереди во египетскиот град Порт Саид

Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека 4 луѓе загинале, меѓу кои и двајца полицајци, во судирите во изминатата ноќ меѓу илјадници демонстранти и полицијата во градот Порт Саид. Во насилствата биле повредени над 400 лица. Демонстрациите пред полицијата и владините објекти започнале синоќа откако властите решиле да ги преместат затворениците кои ја чекаат пресудата за вмешаност во насилствата на фудбалскиот натпревар во февруари минатата година, кога настрадаа 74 луѓе.