Серија состаноци на Џон Кери во Ријад

Американскиот државен секретар Џон Кери, во рамките на првата посета на арапските земји, денеска во Ријад разговара со саудијскиот принц и министер за надворешни работи Сауд Ал Фајсал. Кери ќе има средби и со шефовите на дипломатиите на Бахреин, Кувајт, Оман,Катар и Обединетите арапски емирати. Една од главните теми ќе биде кризата во Сирија. Во Ријад е предвидено Кери да се состане и со палестинскиот лидер Махмуд Абас.