Се очекуваат детали за уапсените од „Монструм“

Косовската полиција најави дека денеска ќе објави детали откако синоќа околу 19 часот ги уапсила Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети дека се непосредни извршители на петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Според обвинението за случајот Монструм, двајцата се обвинети дека пукале во четворицата матуранти и рибарот. Се претпоставува дека Исмаиловиќ и Демири веднаш по убиството побегнале на Косово со помош на црвениот опел кој беше најден во близина на патот за границата со Косово.
Во досегашниот судски процес беа докажани ДНК траги од автомобилот кои одговараат со дел од обвинетите. По двете лица трагаше и Интерпол.