Родман доби необична порака од Ким Јонг ун

Поранешната НБА кошаркарска ѕвезда, Денис Родман вели дека добил порака од севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун за американскиот претседател Барак Обама за време на неговата неодамнешна посета на Пјонгјанг. Родман рече дека при неговата несекојдневна средба со Ким тој побарал од него да му каже на Обама да му се јави, бидејќи тој не сака да оди во војна поради нуклеарната програма на Северна Кореја.
Американската влада одби секаква поврзаност со патувањето на Родман во Северна Кореја кое се случило поради снимањето документарец за кошарка.