Кралицата Елизабета хоспитализирана

Британската кралица Елизабета Втора

Италијанските власти соопштија дека британската кралица Елизабета Втора го откажала патувањето во нивната земја поради здравствени причини. Во меѓувреме од Бекингам палатата соопштија дека 86 годишната кралица е хоспитализирана со симптоми на стомачен вирус.
Елизабета која ја прослави 60 годишнината на тронот во минатата година требаше да отпатува за Италија и да му биде гостинка на претседателот Џорџио Наполитано на 6 и 7 март.