Владата го вратила долгот кон стопанството

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека владата целосно го вратила долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции. Тој во своето обраќање на бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција рече и дека ова прашање кое минатата година ја засегаше македонската економија е надминато онака како што ветиле.
Според него, нивната цел и план е и натаму да опстојат на овој начин и да не создаваат такви доцнења во плаќањата.