СДСМ повикува на смиреност по вчерашните инциденти

Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ

СДСМ денеска ги осуди насилствата во изминатите денови и повика на смиреност. Игор Ивановски апелираше до сите политички партии да покажат зрелост и веднаш да престанат да ги злоупотребуваат меѓуетничките односи за дневно политички цели. Тој порача владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува на каков било начин со нив да ја подели одговорноста за, како што рече, неодговорните политики, двојните аршини, коалициски пазари и кадровски комбинаторики.
Ивановски обвини дека се сака по секоја цена меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори.