МВР со детален извештај за вчерашните инциденти на протестот

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детален извештај за вчерашните инциденти во Скопје. Според министерството, насилниот протест не бил пријавен во полиција, а учесниците и предизвикувачите на инцидентите се самоорганизирале преку социјалните мрежи. Според досега документираните сознанија, повредени се повеќе лица, меѓу кои и голем број полициски службеници, оштетени се повеќе моторни возила два автобуса на ЈСП и две противпожарни возила.
Во текот на протестот се регистрирани и повеќе други инциденти и физички напади во централното градско подрачје, на подрачјето кај Бит Пазар и околните улички во кои се повредени 13 граѓани на кои им е пружена медицинска помош во болниците, а четворица од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Во насилствата повредени се и тринаесет униформирани полициски службеници.