Расте бројот на загинати во борбите во Мали

Француската новинска агенција АФП цитирајќи воени извори јави дека најмалку 50 борци поврзани со Ал Каеда биле убиени во изминативе денови во судирите меѓу трупите на Франција и на Мали. Според изворите, борбите продолжуваат, но сега ситуацијата е под контрола.
Француското министерство за одбрана соопшти дека загинал уште еден војник трет по ред откако војниците беа распоредени во африканската земја во јануари.