Меѓународните кредитори во посета на Грција

Логото на ММФ

Делегација на меѓународната „тројка“ кредитори е во посета на Грција за рутинска проверка на финансиската состојба на земјата, во пресрет на исплатата на следната транша од помошта. Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд Европската унија и Европската централна банка денска ќе се сретнат со грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарис.
Нивната мисија е да направат проценка на состојбата во која се наоѓа грчката економија и на напредокот во спроведувањето на договорените реформи.